Иако како младинец кариерата ја градеше во македонските селекции, Дејан Кулушевски не го прифати повикот да настапи за нашата А селекција и го облече дресот на Шведска.
Новиот напаѓач на Јувентус важи за еден од најдобрите млади фудбалери во Серија А, а за шведските медиуми изјави дека воопшто не се двоумел при изборот да игра за Шведска.
„Сакав да играм за Шведска, одлуката беше лесна“, рече Кулушевски.
20-годишниот голгетер е роден во Стокхолм, а за Македонија настапуваше за селекцијата до 17 години.
Во минатата сезона Кулушевски беше еден од најдобрите фудбалери на Парма. За „млекарите“ одигра 26 натпревари во Серија А и постигна десет гола.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















