Водовод Скопје: Украдени капаци и решетки од шахти и сливници. Се загрозува безбедноста на граѓаните

766

Во текот на минатата ноќ на Бул. Илинден, Бул. 8-ми Септември и ул. Карпошево Востание, украдени се капаци од шахти и решетки од сливници.

Од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје во најбрз можен рок истите ќе бидат заменети.

Случајот е документиран и пријавен во полициската станица во  Карпош.

Воедно сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци решетки од улиците, бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.