На подрачјето на Град Скопје изминатите 24 часа се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои во три полесно се повредени четири лица. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета.
Изминатото деноноќие санкционирани се 48 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени и 22 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца возачи почетници. Исклучени се и шест нерегистриран возила.
Сообраќајната полиција издала 81 казна за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 66 возила.
Според билтенот на СВР Скопје, евидентирани се и 28 возачи кои не носеле сигурносен појас и 13 возачи кои користеле мобилен телефон.Во текот на денешниот ден, Одделението за превенција ќе реализира посебна воспитна поука за граѓани кои како пешаци сториле разни прекршоци.














![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)


















