Познатата пејачка, Кристина Ковач се огласи на својот профил на Твитер и ги извести своите следбеници дека е позитивна на вирусот корона.
Имено, таа моментално е во Шведска, и како што таа истакна ситуацијата таму се влошува од ден на ден.
Позитивна сум како врата, седум дена болест. Влошување од ден на ден. Без медицинска нега и следење на пациентите од Ковид, само брза помош во случај на задушување / смрт, напиша таа.
Во коментарите под објавата, тие ја прашуваат каде е, а таа одговара дека е во Шведска.
Одговарајќи на пораката на друга следбеничка на твитер, Ковач изјави дека не и треба болница, туку здравствена заштита, која, како што изјави, редовно ја плаќа преку данокот од својата плата.
Ми треба ренген на белите дробови,анализа на крвта – рече Кристина Ковач.
Инаку Шведска останува без кревети за интензивна нега и медицински персонал поради наглото зголемување на бројот на случаи на коронавирус и можеби ќе мора да побара помош од соседните земји, предупредија лекарските власти во таа држава.












![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)

















![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-100x70.webp)

