На времето додека сите заедно играа во Интер, Синиша Михајловиќ решил да ги прошета по Белград Фавали, Адријано и Виери.

Една од паузите во италијанскиот фудбал, Дејан Станковиќ и Синиша Михајловиќ решиле да ја искористат да им го покажат Белград на големите ѕвезди на Интер.
После излегување во ноќни клубови и сплавови каде им пеела Цеца, Михајловиќ решил, како што е редот на Балканот, да ги однесе да пробаат лесковачка плескавица. На фотографиите се гледа како Виери во чудо гледа во прилозите и како уживаат во храната во обичен маалски киоск за лесковачка скара.
Присутните раскажале дека во шок гледале како Виери и Адријано нормално си чекаат во ред да нарачаат и да кажат какви прилози сакаат.
























![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















