„Моите гости беа надвор и одеднаш сите втрчаа внатре. Отидов да видам што се случува, тие ми рекоа дека има пукање”, изјави Ероглу за Си-ен-ен.
Тој сведочи дека потоа ѕирнал низ вратата и слушнал околу 15 истрели.
„Не можам да верувам дека сите се плашевме за својот живот“, вели тој.
Ја заклучил вратата и им рекол на сите да останат внатре. Три минути подоцна полицијата стигнала на лице место.
„Ова е нешто што го гледаме во Америка, Ирак и Авганистан, не тука, во Австрија“, раскажа Ероглу.
Нападот во центарот на Виена го изврши најмалку еден исламистички терорист, изјави австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер.
Полицијата соопшти дека тројца минувачи биле убиени во нападот, а еден напаѓач е убиен страна од полицијата.
Напаѓачот бил симпатизер на Исламска држава, рече Нехамер утрово на прес-конференција.













![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)

















