Кристијано Роналдо е еден од луѓето кои од ништо постигнале многу. Живеел во сиромаштија во Мадеира каде што и се родил, во тешки услуви, а како дарба од Бог го добил талентот за фудбал. Тој талент не го земал здраво за готово, туку тренирал три пати повеќе од останатите и го постигнал сето она што го има денес. Тој е еден од најдобрите фудбалери во историјата.
Денес има осигурана егзистенција и за своите правнуци, а на синот Кристијано Јуниор одлучил да му покаже дека на него не му паднло се од небо и дека морало да се бори за егзистенција и слава. Го однел синот на патиштата од неговото детство, во Мадеира, а потоа и во Лисабон каде се преселил кога имал само 12 години.
„Бев возбуден кога го носев да види каде поминав дел од своето детство. На Мадеира има одено неколку пати, а сега го однесува во Лисабон да види каде живеев таму. Тука се уште живеат луѓето кои живеаа тогаш. Ме потресе тоа што ги видов, бидејќи не очекував дека се останати“ – призна Роналдо, а потоа откри што најмногу го растажило. Бил возбуден што на синот ќе му ја покаже куќата во која живеел во Лисабон.
„Влеговме во собата во која живеевме мојот пријател Paixao и јас. Мојот син се уплаши и не можеше да верува. Не е се лесно во животот и некои деца можеби сметаат дека се паѓа од небо. Сакам на мојот син да му покажам дека не е се во талентот и дека само работата и посветеноста може да го донесат она што го сака“ – рече Португалецот.
На прекрасен начин му покажал на синот дека животот не е мед и млеко и го прошетал по улиците каде што тој растел и ги поминувал деновите. Најважно во животот е да се биде скромен, а Кристијано на најдобар можен начин му го покажа тоа на својот син.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

