Поранешниот шеф на британската дипломатија, Борис Џонсон, кого го сметаат за фаворит во трката за наследник на премиерката Тереза Меј, ветил дека ќе ја изнесе Британија од ЕУ на 31-ви октомври, со или без договор со ЕУ.
“Моето ветување е дека излегуваме од ЕУ на Ноќта на вештерките, 31-ви октомври”, рекол Џонсон.

Борис Џонсон и британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант се борат за функцијата британски премиер и лидер на британската Конзервативна партија, откако освоиле најмногу гласови во партиската трка за лидер.
Конзервативците бираат нов лидер откако Тереза Меј објавила дека поднесува оставка откако не успеала да го спроведе Брегзит.










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











