Хрватскaта пејачка Северина, ќе биде главното музичко име на традиционалната штипска „Пастрамајлијада“ која ќе се одржи на 21, 22 и 23 септември.
Исто така, на манифестацијата ќе настапат Влатко Стефановски, групата „Ван Гог“, Северина, „Амадеус бенд“ и уште неколку македонски пејачи, рече Кирил Панајотов од Општина Штип на денешната на прес-конференција . .
„Во петок од 21 часот кога ќе биде пресечена џиновската пастрамајлија, музичкиот програмски дел го отвора Кристина Арнаудова-Петровски. По неа настапуваат Влатко Стефановски и Дани Димитровска, а на крајот, околу 23 часот, е белградската група Ван Гог. Втората вечер, во сабота, се отвора со двајца штипјани Зоран Илиев и Јоце Панов, а по нив настапува хрватската ѕвезда Северина. На 23 ти во недела вечерта ја отвора ‘Либеро бенд’. Следуваат настапи на Мирза Селимовиќ и Амадеус бенд, како завршна програмска група“, рече Панајотов.













![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)


![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)















