Михаела Јаневска е еден од 12-те пациенти во земјата кои го победија коронавирусот и се пуштени дома.
Младата девојка сними видео во кое ја пее „Stand By Me“, за да ги охрабри останатите пациенти кои се сè уште во болница и се борат со вирусот.
„Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејќи своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се сè уште во болница. Ова е за вас“ – пишува Михаела.
Михаела, која се сомневала дека е заразена со Ковид-19, патуваше со маска и ракавици во авион од Барселона за Скопје, одвоена од другите патници.
Таа веднаш се јави на Клиниката за инфективни болести и не зарази ниту еден друг патник во авионот.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















