Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност да се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун, објавија денеска севернокорејските медиуми.
Според истите извори, Путин ваквата подготвеност ја изразил во телеграма упатена до Ким по повод 15 август – Денот на ослободувањето на двете Кореи во Втората светска војна.
– Подготвен сум да се сретнам со Вас во најскоро време за да разгледаме актуелни прашања од билатералните односи и важни регионални теми, се вели во телеграмата на Путин.
Рускиот претседател оценува дека односите меѓу Русија и Северна Кореја имаат „пријателски и конструктивен карактер“ и изразува увереност дека Москва и Пјонгајнг можат да „развијат соработка во взаемен интерес, вклучително и реализација на тристрани програми со учество на Русија, Народна Демократска Република Кореја и Република Кореја“.
Путин уште претходно упати покана до Ким да ја посети Русија, а извори во Кремљ информираат дека севернокорејскиот лидер би можел да присуствува на Самитот на Источниот економски форум во Владивосток во септември или да има посебна посета на Москва.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















