ТВ презентерката Татјана Стојановска беше гостинка во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде пред камерата откри детали од својата телевизиска кариера која трае 25 години, за релацијата мајка-син, за стареењето, но и за љубовниот живот.
Таа веќе неколку години е во врска со својот сакан Михаил за кого вели дека ја освоил со својот интелект и шарм.

Јас секогаш велам дека ако го најдеш вистинскиот човек,вистинскиот партнер, тогаш дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас впрочев пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и нема потпис, но живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Сметам дека клучот на заедничкото живеење и сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави, се она кое што дава успех, без разлика која е формата на релацијата и на врската.
Со што ве освои вашиот партнер?

Па со интелектот и шармот. Станува збор за човек кој навистина ги поседува овие две карактеристики и со вниманието и почитувањето, семејните вредности и почитувањето на жената.
Интервјуто го заврши со зборови за својот син Матеј за кого вели дека имаат одлична конекција како мајка и син. Понекогаш немаат исти мислења, но секогаш на крај се сведува да ги почитувам неговите ставови.
фото/видео:jutjub/backstagemacedonia









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












