Kого најмногу „напаѓа“, зошто е некој побезбеден, а некој позагрозен?
Според најновите информации, со коронавирус заразени се повеќе 145 илјади луѓе, 5.500 починаа, а 73 илјади се излечија. Најмногу жртви има во Кина, каде што почна оваа заразна болест, а моментално најаларматна ситуација е во Италија каде што има повеќе 17 илјади заразени и преку 1.000 смртни случаи.
Освен тоа, и генетиката игра улога. Германски молекуларен биолог вели дека гените кои се релевантни за имунолошката состојба на организмите, кои се одговорни за откривање на болестите кодирани се на Х-хромозомот. Бидејќи жените имаат два х-хромозоми, а мажите само еден, јасно е на чија страна е предноста.
Ништо помалку важни не се и начинот на живот измеѓу мажите и жените. Не е тајна дека мажите живеат понездраво од своите поубави половини. Помалку грижа водат за хигиената, а и поголемиот број на пушачи во светот се мажите, а белите дробови на пушачите се поосетливи на вируси.
А зошто децата поретко се инфицираат?
Иако на почетокот се мислеше дека децата не може да се заразат со корона вирус, праксата покажа дека може. И тие се носители на вирусот ама кај нив нема големи компликации. Зошто е тоа така? Научно објаснување се уште не постои. Докторите сметаат дека кај децата делува таканаречен вграден „неспецифичен состав“.
Заштита од првите вируси се добива уште во фаза на фетусот, а се продолжува со раѓањето и доењето со мајчиното млеко. Оваа „пасивна имунизација“ е вообичаено доволна за период додека детето не развие имунитет во полна мера, што се случува најчесто до 10 година од животот.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



