По поразот на првиот натпревар во серијата, Лејкерс слават три пати по ред, а утринава доминираа во текот на речиси цел дуел. Рокетс за малку не направија голем-кам бек, бидејќи до средината на последната четвртина имаа негатива од 23 поени разлика. Проработе шутот од далечина на тимот од Тексас, кој дојде до негатива од само 5 поени во финишот, но Лејкерс не дозволија пресврт и го завршија натпреварот во своја корист.
Ентони Дејвис го предводеше победничкиот тим со 29 поени и 12 скока, додека на Леброн Џејмс му недостигаше една асистенција за да стигне до трипл-дабл и натпреварот го заврши со 16 поени, 15 скока и 9 асистенции. Ражон Рондо имаше 11 поени, 10 скока и 8 асистенции, додека Алекс Карусо постигна 16.
Во таборот на Хјустон најдобар беше Расел Вестбрук со 25 поени, додека Џејмс Харден имаше 21 поен и 10 скока.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























