Познати дами кои се палат и на мажи и на жени!

758

Тие се некои од најатрактивните жени во светот и можат да го имаат кој било маж што ќе го посакаат, но тие се палат и на припаднички од сопствениот пол. За нивната сексуална определба се коментира многу, а дел од нив се имаат и изјаснето и признато дека сакаат акција во кревет и со мажи и со жени. На домашен терен, пак, ниту една селебрити убавица се нема изјаснето за ова прашање.

Меган Фокс

Во интервјуто кое го дала за списанието “Ecquire”  во 2011 година потврдила дека сака и мажи и жени.

“Јас сум бисексуалка и не се двоумам околу тоа. Но, истовремено сум и лицемерна затоа што никогаш не би излегувала со жена која е бисексуалка затоа што тоа значи дека и таа би спиела со мажи, а мажите се толку многу гадни, па поради тоа никогаш не би сакала да спијам со жена која спиела со маж”, пробала да објасни сексапилната актерка.

Амбер Херд

“Точно е дека имам водено љубов и со жена, не сакам да го кријам тоа”, изјавила убавата Амбер во едно интервју. Колку за потсетување, таа пред неколку години се најде во хаос поради разводот со актерот Џони Деп кого го обвини дека физички ја злоставувал и малтретирал.

Анџелина Џоли

“Некогаш сакав жени и спиев со нив. Знаете, многу потешко е жена да задоволи жена, отколку маж да задоволи жена. Има тука голема филозофија”, рекла актерката која неодамна се разведе од актерот Бред Пит со кого има шест деца.

Дру Баримор

“Дали жените ме привлекуваат сексуално? Да, многу! Отсекогаш сум се сметала за бисексуалка, ги сакам женските тела”, изјавила актерката во 2003 година во интервју за магазинот “Контакт”.

Ферги

Пејачката во групата “Black Eyed Peas”  ги потврди гласините за својот сексуален идентитет во едно интревју во 2009 година.

Амбер Роуз

Најголемата непријателка на Ким Кардашијан и екс девојка на Кање Вест ги разјасни гласините за својата сексуалност пред две години.
“Јас сум многу отворена кога сексуалноста е во прашање. Можам да бидам заљубена и во жена и во маж. Можам да пронајдам убавина во секој, без разлика дали е слаб, дебел, без разлика на бојата на кожата и националноста. Тројки и оргии не ме интересираат”, изјавила Амбер.