Забраната за влез во ресторан за луѓето кои се вратиле од одмор од Хрватска, која била истакната на влезот во еден угостителски објект во Грац, стана меѓудржавен спор, затоа што тој акт го осудил амбасадорот на Хрватска во Виена, Данијел Глунчиќ.
Во понеделникот Франц Ерарт, реагирајќи на постојано растечкиот број на новозаразени луѓе кои се вратиле од одмор од Хрватска во Австрија, поставил известување пред својот ресторан „Нема влез за оние кои се вратиле од Хрватска“.
„Тоа го направив поради грижата за постојаните гости“, рекол Ерарт, додавајќи дека нема ништо против оние кои биле на одмор во Хрватска, но дека сака да го заштити здравјето на своите гости.
„Ја поддржувам влада, а владата рече дека вирусот се внесува со автомобили од Хрватска во Австрија. Никој од моите гости не сака да се зарази“, објаснил тој.
Амбасадорот на Хрватска рекол дека во ова кризно време треба да се биде солидарен, а не да се шири страв и некој да се навредува.










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












