“Луда работа”: Бразилците масовно умираат од корона а рејтингот на Претседателот расте до небо!

645

Скоро половина од Бразилците веруваат дека претседателот Жаир Болсонаро не сноси никаква одговорност за повеќе од 100.000 смртни случаи од пандемијата на вирусот корона, што е втор најголем број на смртни случаи од „Ковид-19“ во светот, покажа новата анкета на Датафола.

Анкетата на јавното мислење објавена денес во дневниот весник „Фолха де Сао Паоло“, вели дека 47 проценти од Бразилците не сметаат дека тој е виновен за бројот на мртви, додека 11 проценти сметаат дека тој е одговорен.

Врз основа на резултатите од анкетата, Болсонаро во моментов има најголема поддршка од граѓаните, поточно, 37 проценти од Бразилците го оценија како одлично или добро, во однос на јуни, кога тоа беше 32 проценти.

Во Бразил се регистрирани 106.523 смртни случаи и 3.275.520 заразени со корона вирус.