Последиците од коронавирусот може да се појават кај пациентите и по 2-3 месеци.
Од самиот почеток на пандемијата редовно се појавуваат нови информации за вирусот кои што често се контрадикторни.
Бидејќи здравствените работници и научници и понатаму истражуваат на кои начини вирусот може да е манифестира, не е ни чудно што и понатаму откриваат нови симптоми на истиот.
Коронавирусот има широк спектар на симптоми, а во последно време сè почесто кај пациентите се појавува и губење на косата.
Д-р Натали Ламберт во соработка со Медицинскиот Универзитет во Индија, објавиле извештај за пациенти со синдром на долгорочен Ковид-19.

„Резултатите од ова истражување се пријавени искуства од луѓето кои што патат од долгорочни симптоми на Ковид-19. Ова не е рецензирана студија“ – се напоменува во извештајот.
Извештајот опишува огромни ефекти од вирусот на повеќе телесни системи, наведувајќи дека додека симптомите на белите дробови се добро препознатливи, постојат и многу други симптоми кои што влијаат на другите органи и претставуваат голем здравствен проблем кај луѓето.
Покрај многуте други манифестации на овој вирус, еден од најчудните симптоми е губење на косата.
Докторите сметаат дека опаѓањето на косата е предизвикано од дерматолошки проблем кој што често се појавува кога организмот повеќе не е под голем стрес.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















