Франција ќе го зголеми своето воено присуство во источниот Медитеран, објави во средата францускиот претседател, Емануел Макрон.
Тој ја повика Турција да престане со истражувањето на нафта и бензин во спорните води, што ги зголеми тензиите со Грција.
Францускиот претседател во разговор со грчкиот премиер Кријакос Мицотакис изразил загриженост поради ‘унилатералното’ истражување, соопштила Елисејската палата, додавајќи дека тоа мора да запре за да се овозможи дијалог помеѓу двете членки на НАТО.

Франција привремено ќе го зајакне своето воено присуство на источниот Медитеран, се додава во соопштението, со цел да се следи состојбата во регионот и да се покаже одлучност да се почитува меѓународното право.
Турција и Грција имаат конфликт околу територијалните води богати со енергенти, а тензиите се зголемија во понеделникот кога Анкара испратила истражувачки брод во спорниот дел на Медитеранот, придружена со воени бродови, еден ден откако Грција потпиша договор со Египет.
Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ова прашање на вонредната средба во петок. Грчкиот министер истот ден поради тоа ќе се сретне во Виена со државниот секретар на САД, Мајк Помпео.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)


