Светски познатата пејачка Бебе Реџа, поради тешка инфекција на синусите, ќе биде оперирана, пренесуваат албанските медиуми.
Веста ја објави Реџа, наведувајќи дека повеќе денови не е во добра здравствена состјоба, дека едвај може да дише и има силни главоболки.

„Појдов на доктор за инфекцијата на синусите, која не поминува и ми рече дека треба да се оперирам. Поминувам тешки моменти далеку од родителите. Многу сакам да сум до мајка ми“, напиша пејачката.
Родителите на Бебе Реџа, чие вистинско име е Блета Реџа, се од Македонија, татко и е од Дебар, а мајка и од Гостивар, кои во САД емигрирале во 80-те години од минатиот век.
Родена е на 30 август 1989 година во Бруклин и долго е во светската музичка индустрија.




![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















