Ловецот Мајк Кимел досега уловил стотици змии, но неговиот последен улов е навистина огромен и не се откажа без борба.
Мајк фатил бурмански питон долг над пет метри во Флорида, а тој снимал сè со камера и објавил на Јутјуб.
“Срцето почна да ми чука кога го видов. Сум ловел големи змии досега, но оваа беше огромна”, изјави тој за Си-Ен-Ен.
Тој ја снимил кратката борба со огромната змија во која заработил незгодно каснување, но на крајот ја совладал и ја влечел кон неговиот брод, каде што ја убил.
Тој сè уште чека официјално мерење, но тврди дека змијата (женка) е долга 5,18 метри и тежи помеѓу 60 и 80 килограми. За споредба, најголемиот питон што некогаш бил фатен на Флорида бил долг 5,68 метри.
Бурманскиот питон е најголем вид питон и е меѓу шесте најголеми змии на светот. Таа продолжува да расте во текот на животот, а женките обично се подолги од машките.
Мајк Кимел е познат ловец на питони, а него го следат 27.3 илјади луѓе на „Јутјуб“. Тој открил за Си-Ен-Ен дека има намера да ја продаде кожата на фатениот питон преку својата веб-страница и, исто така, ќе добие компензација од Акциониот тим во Флорида кој им плаќа на луѓето да ги отстранат инвазивните видови.
„Горд сум на овој успех и знам дека ќе заработам многу пари, но најважно е што ваквите големи змии можат да секого да го надвладеат и јас сум среќен што го отстранив предаторот од екосистемот“, заклучи Кимел.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











