Ниту Путин, ниту Трамп – ова е најсилниот претседател на светот, а кога ќе се соблече станува ‘ѕвер’ со кој никој не се обидува да се пошегува

712

Можеби нема моќ како Владимир Путин или Доналд Трамп, но ова е првиот човек на Монголија, Халтмагин Батулга – најопасниот претседател на светот.

За да добиете таков впечаток, доволно е да видите неколку фотографии од монголскиот претседател на кој спортот му е голема страст.

Особено, боречките вештини, една од нив е самбо. Станува збор за советска боречка вештина настаната во 90-те години на минатиот век со спојување на традиционалните боречки вештини – џудо и џуиџитсу. Еден од врвните самбо борачи кој што се докажал во ултимејт фајт е Фјодор Емалијаненко, некогашниот ММА шампион.

Претседателот на Монголија својата држава ја претставувал и на првенство во самбо и освоил медал, најголем успех имал кога во Киев во категорија до 52 килограми се закитил со златен медал.

Три години подоцна во истата категорија освоил сребрен медал во Франција, за во 1990-та година во Москва да однесе уште едно сребро, тогаш во категорија до 57 килограми.

Од 10-ти јули 2017-та година е претседателот на Монголија, претходно имал неколку важни политички функции меѓу кои и позиција на министер за сообраќај и патишта.