Исклучете ја логиката, опуштете се и обидете се да одговорите на овие 3 прашања кои ќе навлезат во нашата потсвест. Обидете се да не размислувате премногу за одговорите – само кажете го она што прво ќе ви падне напамет.
Одговорите можете и да ги запишувате. На крајот од тестот ќе научите нешто важно за себе, пренесува порталот “BizLife”.
1. Замислете дека пред вас стојат 5 животни. Подредете ги по ред како што сакате:
– крава
– тигар
– овца
– коњ
– свиња
2. Опишете го секој поим со само една придавка:
– кучето е…
– мачката е…
– глушецот е…
– кафето е…
– морето е…

3. Сетете се на 5 луѓе кои ви се важни. Изберете боја за секој од нив – можете да изберете само една боја за една личност:
– жолта
– портокалова
– црвена
– бела
– зелена
Погледнете ги одговорите:
.
.
.
.
.
1. Одговорите на првото прашање ги претставуваат нашите приоритети во животот:
– кравата укажува на кариера
– тигарот е чувство за самовреднување
– овцата претставува љубов
– коњот претставува семејство
– свињата претставува пари

2. Одговорите на второто прашање ќе ви откријат како гледате на животот на потсвесно ниво:
– асоцијацијата која ја имате за кучето покажува како се гледате себеси
– како ја опишувате мачката ја симболизира личноста на вашиот партнер
– асоцијацијата која ја имате за глушецот претставува како ги гледате непријателите
– како го опишувате кафето го покажува вашиот став кон сексот
– вашата асоцијација на морето го опишува вашиот живот
3. Боите го одредуваат вашиот став кон личностите кои сте ги избрале:
– жолтата боја е за личноста која никогаш нема да ја заборавите и која има или имала големо влијание на вашиот живот
– портокаловата боја е за личноста која ја сметате за вистински пријател
– црвената боја ја означува личноста која ја сакате со целото ваше срце
– белата боја е личноста која ја сметате за сродна душа
– зелената боја ја одредува личноста која ќе ја паметите до крајот на вашиот живот

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

