Ѕвездата на „Игра на тронови“, Хафтор Џулиус Бјорнсон, кој во серијата ја игра улогата на Планина, и неговата сопруга Келси Хенсон, објавија дека го чекаат првото дете.
Веста за бременоста ја споделија на социјалните мрежи и објавија неколку фотографии од приватната забава. На фотографиите може да се забележи дека полот на детето го откриле на интересен начин и тоа така што дупнале голем балон од кој излегуваат сини конфети.
Парот ѝ привлече внимание на јавноста поради разликата во висина. Актерот е висок дури 206 сантиметри и има 180 килограми, додека неговата партнерка е висока 158 сантиметри и има само 52 киограми. Нивните обожаватели често се шегуваат на сметка на нивната разлика во висината и тежината.
Парот е заедно од 2017-та година, а се запознале кога Келси од него побарала автограм кога го забележала во ресторан.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















