На девојките помеѓу 15 и 16 години, мајките им ги расекуваат усните и им ги кршат предните два заба на долната вилица за да можат да стават мала чинија (најчесто глинена или дрвена).
Носијата на ова племе е исклучително богата и разновидна, а особено познати се жените од ова племе кои ставаат чинија во усните.
Од каде потекнува овој обичај?
Не се знае точната причина, но се верува дека овој обичај потекнува од времето кога во Африка доаѓале ловци на робови. За да им бидат непривлечни, се претпоставува дека жените намерно се унаказувале за да одбегнат ропство.
Покрај таа, постојат уште две теории. Според една од нив, Мурсите веруваат дека злите духови влегуваат преку устата, па тие се бранат од нив со помош на чиниите. Другата теорија вели дека од големината на чинијата зависи и миразот. Колку е поголема чинијата толку е поголем миразот.
Како ја вметнуваат чинијата
На девојките помеѓу 15 и 16 години, мајките им ги расекуваат усните и им ги кршат предните заби на долната вилица за да можат да стават мала чинија (најчесто глинена или дрвена).
Се почнува со помала чинија, а големината се менува по одредено време ако се волни да ја поднесат болката што се јавува при ширењето на усните. На жените им е многу напорно да ја носат таа чинија во усните, па ја ставаат само за време на племенските прослави.