Статус на Билјана Ванковска:

,,Овој скриншот сум го сочувала да ме потсетува дека добриот и будалиот се многу слични. Овој човек, верувале или не, ми е должен 1500 евра веќе пет години и одбива да ми ги врати – па уште ме обвини и дека сум го форсирала и вршела притисок затоа што кога сум му ги позајмила парите сум му рекла да не брза, т.е. застане на нозе.
Имено, зимата 2015 година му починува мајката и нема никој близок да му даде пари за да ја погреба. Ми се јави и веднаш му уплатив (иако во живот не бев го видела, другарувавме преку ФБ). Подоцна ми се јави да ми каже дека има многу долгови заостанати да отплати, плус да го откупи дворното место од бараката на покојната мајка.
За да не бидам жирант на невработен човек, но сметајќи дека е човек со образ, му позајмив уште 1000 евра. Така, за возврат што му се најдов кога му беше најтешко и кога никој од неговите другари не му помогна, добив навреди. Тој тврди дека е уште невработен и дека не може да ми го врати долгот, а јас да престанам да го притискам.
Поука? Не знам!
Очигледно, само идиот денес може да биде хуман – а оној кому ќе му помогнеш во мака прв ќе те исплука и никогаш нема ни долгот да си го врати, а камо ли на човештина со човештина да одговори.”















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















