Тренерот на Клиперс плаче како мало дете откако дозна за смртта на Брајант (ВИДЕО)

610

Тренерот на Лос Анџелес Клиперс, Док Риверс плачеше како мало дете и не можеше да каже збор во интервјуто, откако светот дозна за големата трагедија во која неговиот голем пријател Коби Брајант загина заедно со 13-годишната ќерка и уште седуммина во хеликоптерската несреќа која синоќа се случи во Калифорнија.

Риверс потресен од ужасните вести, не можеше а отвори уста, а камоли да изусти збор, а солзите се лееа по неговото лице, едвај успевајќи потоа барем малку да се соземе за да го опише тешката емоционална состојба после загубата на големиот пријател.

„Не знам ни што да кажам. Вестите се толку ужасни за секој што подолго време го знаел Коби. Тој ми значеше многу, беше голем противник, беше тоа што секој го сака во спортот. Ја имаше таа ДНК, каква само малкумина спортисти ја имаат, веројатно единствено Тајгер Вудс и Мајкл Џордан. Го запознав многу подобро откако се пензионирав. Ова е голема загуба за НБА, ова се шокантни вести за сите нас“, вели меѓудругото Риверс.