Ноа Калина неодамна објавил пресек по 20 години фотографирање, но овој фото-проект продолжува.
Фотографијата кажува повеќе од 1.000 зборови, е стара поговорка која еден човек одлучил да ја примени во неговиот живот.
Имено, Ноа последните 20 години секој ден правел селфи, а бидејќи почнал со фотографирање на 11-ти јануари 2000 година, одлучил пред неколку дена, односно на 11-ти јануари оваа година да направи пресек.
Објавил снимка која претставува колаж од сите селфија од 2000-та година до денес.
Актуелниот колаж кој ги документирал промените низ кои минувал Ноа содржи 7.263 фотографии, а проектот и натаму трае.
Ако се суди по посветеноста на Калина, можеме да очекуваме нов пресек во наредните години.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















