Некогашна ѕвезда на Вардар ќе биде нов лидер на ЛА Галакси!?

676

Ерменскиот напаѓач Тигран Барсегјан е добропознат на македонската фудбалска јавност поради настапите во Вардар, а тој кариерата би можел да ја продолжи во САД, во редовите на Лос Анџелес Галакси.

Така пишуваат медиумите од Казахстан, земја во која Барсегјан го носи дресот на Каират. Фудбалерот и тимот имаат договор до 31 декември, 2019 година, а во новата година Барсегјан може да влезе како слободен и да бира нова средина.

Моментално 26-годишниот Барсегјан е во САД на одмор, а наводно, постои интерес од неколку клуба за него, меѓу нив и Лос Анџелес Галакси. Тимот од „градот на ангелите“ е во потрага на квалитетен напаѓач, по заминувањето на Златан Ибрахимовиќ.

Барсегјан оваа полусезона има 12 гола во казахстанскиот шампионат и е најдобар стрелец.