Мигел Мартинс Соареш е името на новиот организатор на играта во Вардар. Станува збор за 22-годишен талентиран среден бек, висок 192 сантиметри, кој до оваа сезона играше во Порто. Впрочем, тој дојде и во Скопје лани во септември и му даде четири гола на Вардар, а потоа продолжи со извонредна сезона.
Постигна 43 погодоци за Порто, со кои беше трет стрелец во тимот, а со својата визија во организацијата на играта вреди и повеќе од бројките. Својот потенцијал Мартинс Соареш го демонстрира и во дресот на португалската репрезентација, на ЕП во Австрија, Шведска и Норвешка. Неговата репрезентација ја изненади цела Европа освојувајќи го шестото место, а тој беше важен елемент во неа, со 19 гола и 25 асистенции на осумте одиграни меча.
По францускиот голман Рибин Кантегрел, Мигел Мартинс (или Мартинш по португалски) е второто ново засилување, кое ќе ја засили екипата на Вардар, а во последнава недела потврдија дека остануваат и Дибиров, Стоилов, Чупиќ, Дисингер и Калараш.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












