Казахстански патнички авион со 98 патници се сруши рано утринава набрзо по полетувањето, а тамошните власти соопштија дека во несреќата најмалку 15 лица го загубија животот.
Според последните информации, најмалку 66 лица се повредени, од кои 50 се итно пренесени во болница со потешки повреди.
Станува збор за патнички авион на компанијата „Бек Ер“ кој се срушил набрзо по полетувањето од меѓународниот аеродром во Алмати. Пред да се сруши, авионот најпрвин пробил бетонска ограда, а потоа се забил во двокатен објект.
На лице место веднаш пристигнале голем број на спасувачки екипи кои започнале да ги извлекуваат телата на настраданите и повредените од рушевините. Според локалните медиуми, иако не се знае точната бројка, во авионот имало и голем број на деца.
Најмалку 8 деца биле спасени и пренесени во болница, меѓутоа не се знае точниот број на малолетни лица кои биле во авионот.
Bek Air plane with 100 passengers on board crashes in Kazakhstan
A Fokker 100 plane with 95 passengers and 5 crew members on board crashed near Almaty on Friday, the airport of Kazakhstan's biggest city. There were survivors and emergency services were working at the site. pic.twitter.com/MvvWdWLhye
— Emil Nivantha Perera (@emilnivantha) December 27, 2019
Аеродромските власти на социјалните мрежи накратко соопштија дека после падот на авионот не дошло до пожар, а спасувачката акција започнала веднаш.
Времето во Алмати било ведро со блага температура под нулата која е вообичаена за тој регион во овој период од годината. Авионот од типот „Фокер-100“ летал кон главниот град на земјата Нур-Султан.
Сите летови на „Бек Ер“ и нивната флота со авиони од типот „Фокер-100“ се откажани поради истрагата околу авионската несреќа, соопштија казахстанските власти.