Во магичниот амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид, се одржа традиционалната Австриска вечер, еден од најпрепознатливите настани во програмата на фестивалот „Охридско лето“. Како ексклузивен спонзор, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и оваа година со гордост ја поддржа реализацијата на овој престижен музички настан.
Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули пред публиката во Охрид, настапи светски познатото пијано дуо Маки Намекава и Денис Расел Дејвис, врвни уметници со богата меѓународна кариера, препознатливи по својата извонредна музикалност и интерпретации кои оставаат силен впечаток.
Концертната програма ја поведе публиката на инспиративно музичко патување, од безвременските дела на Моцарт и Шуберт, преку романтичните звуци на Сметана, до современиот музички израз на Филип Глас, спојувајќи различни епохи, стилови и емоции во една незаборавна вечер.
Австриската вечер традиционално се реализира со поддршка на Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија и Владата на Република Австрија, претставувајќи симбол на долгогодишното пријателство, успешната културна соработка и заедничките вредности што ги поврзуваат двете земји.
Како компанија која континуирано инвестира во културата, уметноста и проектите од трајна општествена вредност, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со особена чест беше дел од оваа значајна фестивалска традиција. Поддршката на врвните културни настани е дел од определбата на компанијата да придонесува кон развојот на културниот живот и да биде партнер на иницијативи што инспирираат, поврзуваат и оставаат траен белег.













![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)



















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-100x70.jpg)

