Унаи Емери повеќе не е менаџер на Арсенал откако доби отказ како последица на лошите резултати оваа сезона и серијата од девет натпревари без победа.
На негово место привремено е назначен Фреди Љунгберг, но јасно е дека тој нема долго да остане. Англиските медиуми тврдат дека раководството на клубот веќе нашло перманентна замена и тоа не кој било, туку миленикот на навивачите и поранешен фудбалер на Арсенал, Микел Артета.
Наводно, веќе имало средба меѓу него и челниците и по натпреварот со Вест Хем тој официјално ќе биде претставен како нов менаџер. Артета во моментов е помошник на Гвардиола во Манчестер Сити, но со оглед на тоа што шампионот ги загуби шансите за титулата, тој добил дозвола да си замине.




![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































