Мајка и син од Скопје спечалија 1,7 милиони евра за само еден ден

259

Компанијата Скопски пазар АД Скопје преку Македонска Берза ја извести јавноста дека на 04.08.2020 година во блок-трансакција на берзата беа истргувани вкупно 17.532 обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје, по цена од 6.169 денари по акција, во вкупна вредност од 108.165.602 денари (околу 1,7 милиони евра).

Двајца од петте најголеми акционери во компанијата ги продадоа сите акции што ги поседуваа во акционерското друштво Скопски пазар АД Скопје.

Сашо Давитковски и неговата мајка Тодорка Давитковска ги продадоа сите акции кои ги поседуваа во Скопски пазар АД.
Според известувањето:
„Досегашниот акционер Тодорка Давитковска изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Скопски пазар АД Скопје, односно 8.055 обични акции, што претставува 11,36% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје и повеќе не е акционер во Скопски пазар АД Скопје“.
Исто така „досегашниот акционер Сашо Давитковски изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Скопски пазар АД Скопје, односно 7.546 обични акции, што претставува 10,64% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје и повеќе не е акционер во Скопски
пазар АД Скопје“.

На овој начин досегашните големи акционери во АД Скопски Пазар – Скопје, Сашо и и неговата мајка Тодорка Давитковски, добија 1,7 милиони евра за профажбата на акциите кои ги поседуваа во компанијата.

Инаку „Скопски пазар“ управува со 13 зелени пазари во Скопје и со еден сточен пазар со капацитет од околу 2.900 тезги, деловен простор за издавање од околу 58.000 квадратни метри, врши сопствена трговска дејност, угостителска дејност (ресторанот „14“ во Скопје), како и е-супермаркетот www.doma.mk.