Времето ќе биде променливо облачно и студено со слаб претежно северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус седум, а дневната температура ќе се движи од минус еден до пет степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со слаб претежно северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до четири степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со магла по котлините. Во петок попладне и во сабота се очекуваат локални врнежи од дожд, а дневната температура од сабота ќе биде во пораст.




![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)
































