Панки од ,,Куку Леле” пуштен на слобода од грчкиот затвор

339

Пеачот на ,,Куку Леле”, Сашо Каимовски (52) познат како ,,Панки” е пуштен на слобода од грчкиот затвор.

Тој беше уапсен во март годинава на преминот Евзони на пат кон Грција. Тој се бараше со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати.

Пејачот се сомничи дека, во 2006 година, од два банкомата, во Минхен, Германија, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура.

Панки е виден вечерва во скопско кафуле во центарот на Скопје, но не е познато како завршило барањето на германските власти тој да биде испорачан на Германија