Премиерот Христијан Мицкоски изрази оптимизам дека до крајот на годината Македонија ќе го надмине историскиот рекорд на странски директни инвестиции, кој изнесува над 1 милијарда евра. Според најновите податоци, инвестициите во периодот од јануари до септември годинава достигнале 838,2 милиони евра, што претставува пораст од 348,4 милиони евра во споредба со истиот период минатата година.
„Ова е највисоко ниво на странски директни инвестиции во последните дваесет години,“ нагласи Мицкоски, истакнувајќи дека неговиот мандат започнал со договори за инвестиции од над 650 милиони евра.
Тој додаде дека Владата останува посветена на економски раст, зголемување на животниот стандард и благосостојбата на граѓаните. „Работиме Македонија да биде повторно ваша и повторно горда. Заедно за работа која носи дела!“ – порача премиерот.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















