Првите три честитки кои пристигнаа за новата шампионска титула на Вардар се од светската поп-ѕвезда Стинг кој прв го пролонгира вчерашниот концерт во Скопје поради вербата дека ‘црвено-црните’ ќе играат во големото финале.
„Првата честитка за Вардар лично од Стинг и тоа од бекстејџот буквално една минута по завршувањето на финалето. Го чувавме дресот за крај“ – напишаа од Авалон продукција, домаќинот и организаторот на концертот на Стинг во Македонија.
Честитки пристигнаа и од европските ракометни гиганти Барселона и ПСЖ кои се двата тима кои во годините кога Вардар стигна до европската круна и тоа како ја почуствуваа вардаровата сила.

„Честитки Вардар, Честитки за вашата нова европска титула“ – напишаа од Барселона.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















