Судењето за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“ е одложено за 29 август, бидејќи таа е на породолно боледување.
Одбраната на Јанкулоска денеска до Судот ја достави нејзината медицинска документација.
Судијката Добрила Кацарска на претходното рочиште закажа 25 нови рочишта до октомври годинава.
На Јанкулоска и се суди во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост.
За овој случај поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски беше осуден на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор.
Случајот „Тенк“ се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















