По преспиената ноќ по пласманот на завршниот Ф4 турнир од ЛШ, за вардарци пристигнаа и индивидуалните признанија од ЕХФ.
Па така, Игор Карачиќ се најде во идеалниот тим на колото, додека погодокот на Тимур Дибиров од мртов агол е најдобар гол (ВИДЕО) . На второто место се најде атрактивниот гол на Дејан Манасков против Фленсбург.
Во ТОП 5 изборот свое место пронајде и голманот Дејан Милосављев кој имаште одлична вечер. Неговата одбрана при резултат од 25-22 во 50. минута на левото крило Стефан Сигурмансон се најде во изборот на ЕХФ. (ВИДЕО)






































