Од вчера започна новогодишното украсување на градот Скопје. И покрај реакциите на граѓаните кои му порачаа на градоначалникот Петре Шилегов парите за украсувањето да ги пренамени за други потреби, сепак, градоначалникот најави дека градот ќе биде украсен, а дека оваа година ќе нема „Винтерленд“ и новогодишниот дочек на плоштадот, објави ТВ21.
И покрај кризата со ковид-19, Шилегов рече дека не се откажува од празнична, новогодишна атмосфера.
Годинава на нашите дечиња им е одземено многу, детството, училишната година, играта со другарчињата, радоста. Сметам дека во оваа тешка година и мрачно време во коешто живееме, не треба на светол момент како што е Нова година да останеме неми. Немаме право да го направиме тоа, немаме право да им ја одземе надежта и радоста на граѓаните и децата – вели градоначалникот Шилегов.
Новогодишното украсување годинава ќе чини 200.000 евра.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















