Францускиот шампион, Пари Сен Жермен забележа победа на вечерашното гостување кај Манчестер Јунајтед од 2-0 и направи голем исчекор кон четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Иако „светците“ настапија без двајца клучни играчи во нападот (Нејмар и Кавани) одиграа еден добар натпревар во кој ги искористија своите шанси и запишаа триумф со кој со една нога се меѓу осумте најдобри во ова натпреварување. Најважните моменти се случија во вториот дел, прво во 53 минута на асистенција на Ди Марија стрелаше дефанзивецот Кимпембе за 0-1 за да во 60 домаќините доживеат уште еден удар за кој се погрижи Мбапе и тоа одново на асистенција на Ди Марија.
До крајот црвен картон доби и Пол Погба, па Јунајтед дефинитивно ќе има пеколна задача за да се врати во игра во овој двомеч. Инаку овој пораз воедно беше прв за Солскјер на кормилото на „црвените ѓаволи“.
Ревашот на „Паркот на принцовите“ во Париз се игра на 6 март.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



