Неверојатен изглед: Можете ли да погодите колку години има овој маж?

854

Човекот со децении пробува да ја најде “фонтаната на младоста” и да стане бесмртен, а иако модерната медицина им овозможува на луѓето да го продолжат својот животен век и да бидат поздрави, староста е сепак неизбежна.

Сепак, Чуандо Тан го шокираше интернетот кога откри колку години има. Верувале или не, Тан има 52 години, но на прв поглед никој не би му дал повеќе од 25. Тој нема ниту една брчка на лицето, ниту едно седо влакно, има совршени заби и перфектно градено тело. Чуандо тврди дека нема направено ниту една операција, но и дека не ја фарба својата коса.

На прашањето која е неговата тајна, 52-годишниот Тан открил дека нема никаков режим.

“Не користам специјални креми, не одам на третмани и не правам ништо особено, едноставно се трудам да се хранам здраво. Сметам дека здравата исхрана и тренингот е клуч за младото и витално тело. Младоста е 70 отсто правилна исхрана + 30 отсто тренинг”, изјавил тој.

Чуандо додал и дека не е фанатик и дека понекогаш го прескокнува тренингот и често консумира слатки, но се труди 90 отсто од времето да јаде здрава храна бидејќи тоа го прави среќен и здрав.

“Мора да бидете среќни и да го правите она што го сакате. Сум работел различни професии во животот, но ги одбирав оние кои ме правеа среќни и задоволни, бидејќи кога сте среќни, вашето тело ужива, не е под стрес и со самото тоа побавно старее”.

Секако, поради неговиот изглед почнале да кружат разни гласини, но Тан уверува дека причината за неговиот неверојатно младешки изглед е едноставно добрата генетика која тој ја подобрил со квалитетен и среќен живот.

View this post on Instagram

?Great weekend to us all ??

A post shared by C H U A N D O 陈传多 (@chuando_chuandoandfrey) on