Започна изградбата на граничниот премин Белановце-Станчиќ

944

Проектот за отварање на нов граничен премин и изградба на заедничка зграда за граничните служби на Македонија и на Косово, е приоритет во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји, управувана од страна на Министерството за локална самоуправа од македонска, и Министерството за локална администрација од косовска страна, порача Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, кој присуствуваше на отпочнувањето на градежните работи на новиот граничен премин помеѓу Република Македонија и Република Косово, Белановце- Станчиќ.

Вкупната сума на проектот изнесува 1.2 милиони евра обезбедени од страна на Европската унија.

Министерството за локална самоуправа на Република Македонија ги обезбедува средствата потребни за кофинансирање на проектот, во вредност од 104 илјади евра.

На настанот присуствуваа и двајцата потпретседатели на Владите на Република Македонија и на Република Косово задолжени за европски прашања, амбасадорите на Европската Унија во двете земји, министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и министрите за внатрешни работи од двете земји.

Целосната изградба на граничниот премин и неговото пуштање во употреба се планирани за крајoт на 2018 година.