Поранешниот директор на УБК и доскорешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, предмалку на влегување во Кривичниот суд во Скопје изјави дека не знае каде во моментов се наоѓа неговиот братучед и поранешен премиер Никола Груевски, по кого од синоќа со потерница трага полицијата.
-Не знам, кусо одговори Мијалков на влегување во зградата на Кривичниот суд, запрашан од новинарите за тоа дали знае каде е неговиот братучед.
На Мијалков денеска му се суди на ново рочиште за предметот на СЈО „Титаник 2“.
Поранешниот премиер веќе неколку дена е недостапен за органите на прогонот, кои го бараат за спроведување во затвор за издржување на казната од две години затвор, што ја доби за случајот „Тенк“. Откако во петокот не се појави во затворот „Шутка“, а истото се случи и вчера, синоќа МВР издаде потерница по него и почна да го бара, прво во неговиот дом, а потоа и кај седиштето на неговата партија.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)


