Ловрен во друштво на Салах на слетувањето во Белград: Се чувствувам како Путин

894

Ливерпул денес по вторпат ќе се соочи со Црвена Звезда во натпревар од 4.коло во Лигата на шампионите, а Јирген Клоп и неговите фудбалери овојпат се гости во Белград.

Но, интересен момент се случи на самото пристигнување на фудбалерите на Ливерпул. Откако фудбалерите на Ливерпул успеаа да ги поминат строгите безбедносни мерки,хрватскиот фудбалер Дејан Ловрен кој беше во друштво со Мохамед Салах, даде краток коментар.

– Искрено се чувствувам како Владимир Путин, – дециден беше Ловрен.