NBA-Голем инцидент во Минеаполис (ВИДЕО)

440

Натпреварот помеѓу Минесота Тимбервулвс и Орландо Меџик го одбележа несекојдневна ситуација.

На минута и пол до крајот на третата четвртина се случи физички судир помеѓу бекот на домаќините Остин Риверс и центарот на Орландо, Мо Бамба кој се наоѓаше на клупата за резервни играчи.
За само неколку секунди настана вистински хаос на теренот. Во тепачката се замешаа Џејлен Сагс од Орландо како и Торијан Принс и Џејден МекДениелс од Минесота и сите беа исклучени од натпреварот. Навременетата реакција на остатокот од играчите како и тренерите и обезбедувањето спречија посериозен инцидент.

Во текот на денот се очекува изрекување на суспензии на играчите кој беа главни актери во судирот како и сериозни парични казни. Крајниот резултат остана во втор план. Гостите од Флорида извојуваа победа од 127:120.

NBA FAN
Димитар Младеновски