Грчките власти објавија интерактивна дигитална мапа на Гугл, на која се следи појавата и ширењето на опасната риба зајак, позната и како Lagocephalus sceleratus. Станува збор за инвазивен вид за кој летово се зголемува вниманието, особено поради неговото присуство во грчките води.
Мапата ги покажува местата каде што досега е регистрирана оваа риба, која се смета за исклучително опасна. Lagocephalus sceleratus е распространет во тропските води на Индискиот и Тихиот Океан, како и во западниот Медитеран. Видот е присутен и долж бреговите на Израел, јужна Турција и Кипар.
Во Грција, рибата првпат била забележана во југоисточниот дел на земјата, главно во околината на Родос, Крит и Додеканезите. Денес, според објавените податоци, ја има речиси низ целото Егејско Море, но и во голем број делови од Јонското Море.
Експертите апелираат пливачите да не ја допираат рибата доколку ја забележат во морето. Посебно предупредување има и за рибарите – рибата не смее да се консумира, бидејќи термичката обработка не го уништува смртоносниот токсин што го содржи.
Поради зголемениот број пријави поврзани со рибата, но и поради штетата што ја предизвикува врз екосистемот и риболовната опрема, грчкото Министерство за земјоделски развој и храна воведе пилот-програма за субвенционирање на професионалните рибари.
Според програмата, на рибарите им се исплаќаат 5,33 евра за секој килограм уловена риба-зајак.
Грција почна да поставува и пловечки заштитни бариери на популарни плажи во регионот Евбеја. Со ова, властите се обидуваат да ја зголемат безбедноста на пливачите во екот на летната сезона.
Надлежните очекуваат дека бариерите ќе го намалат ризикот од средби меѓу капачите и оваа опасна морска риба, а туристите и локалните жители ќе можат побезбедно да уживаат во морето за време на најпосетениот период од годината.








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













