Рускиот претседател Владимир Путин ја претстави новата подморница на руската воена морнарица која ќе носи ракети со боеви глави доволно моќни за да предизвикаат цунами.
Путин го посети бродоградилиштето во Санкт Петербург каде што го надгледуваше заминувањето на најновата подморница кон централата Севмаш во Северодвинск на северозападот на Русија.
Руската морнарица соопшти дека подморницата е наменета да ги носи најновите торпеда „Посејдон“ кои што ќе бидат ставени во употреба веќе следната година.
„Посејдон“ ќе можат да погодат крајбережни подрачја на оддалеченост од дури 9 илјади километри и ќе бидат вооружени и со нуклеарни боеви глави кои што се доволно моќни за да предизвикаат цунами.