Српскиот државјанин С. М. (42) е лишен од слобода во Скопје во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција. Тој се сомничи за подготовка на платено убиство, а неговото лоцирање е резултат на долготрајна оперативна размена на информации помеѓу Службата за сузбивање на криминалот (УКП) на Србија и македонското МВР.
Осомничениот бил пронајден во „засолниште“ во главниот град, каде полицијата при рација открила арсенал оружје и специфична тактичка опрема.
Меѓу запленетите предмети се пиштол марка „CZ“ со целосна рамка, воен нож, како и црна тактичка униформа. Истрагата потврди дека С. М. ја преминал границата нелегално, а кај него била пронајдена и српска лична карта на друго лице, која ја користел за лажен идентитет.
Оперативните сознанија укажуваат дека 42-годишникот е член на организирана криминална група и дека во Скопје бил испратен со конкретна задача – да изврши ликвидација.
Во моментов истражните органи работат на идентификување на потенцијалната цел, како и на лицата кои му пружиле логистичка поддршка на осомничениот за време на неговиот престој во Македонија.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













